Повеќе од 50 земји сакаат да преговараат со Трамп за тарифите! „После 20, 30, 40, 50 години лошо однесување не можете да почнете од нула…”

Администрацијата на Трамп соопшти дека повеќе од 50 земји стапиле во контакт со Белата куќа за разговори за тарифите наметнати од Вашингтон.

Тие предупредија дека овие разговори може да траат со месеци.

„Повеќе од 50 земји и’ се обратија на владата за да ги намалат трговските бариери, царините и да го запрат протокот на валути“, изјави министерот за финансии Скот Бесант за телевизиската мрежа NBC.

Трамп, чии најави предизвикаа пад на пазарот и предизвикаа метеж во светот, ги обвинува економските партнери на САД дека ги „ограбуваат“.

Затоа американскиот претседател одлучи да воведе универзална стапка од 10 отсто царина за сите производи увезени во САД, која стапи на сила во саботата.

Тој процент ќе биде зголемен од среда, за Европската унија (20 отсто) и Кина (34 отсто).

„Ќе видиме дали тоа што тие го нудат е веродостојно, бидејќи по 20, 30, 40, 50 години лошо однесување, не можете да почнете од нула“, рече Бесент.

Додека Кина веднаш одговори на новите американски тарифи со објавување на сопствени царини, европските лидери ги зајакнаа контактите во текот на викендот пред состанокот на министрите за надворешна трговија на ЕУ во понеделник во Луксембург за да подготват „европски одговор на САД“.