ПОГЛЕДНЕТЕ ВО КАКОВ ЛАЖЕН СВЕТ ЖИВЕАТ РУСИТЕ – Ова се петте темели на пропагандата режирана од Владимир Путин

Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, САД, објави дека Кремљ се чини дека промовира пет лажни наративи против Украина во информативниот простор односно медиумите во Русија.

Руските наративи вклучуваат тврдења дека Украина спроведува масовна мобилизација без разлика на возраста, полот или здравствената состојба. Тие тврдат дека западните партнери на Украина се разочарани од изгледите на Украина за победа, дека украинската контраофанзива пропаѓа, дека украинската Влада е целосно корумпирана и не се бори против корупцијата и дека руските власти им обезбедуваат на своите граѓани добар животен стандард и услови. во окупираната Украина“, пишува во својот последен извештај Институтот за проучување на војната.

На средбата наводно присуствувале првиот заменик началник на кабинетот на рускиот претседател Сергеј Кириенко и претставници на руските медиуми каде им биле претставени овие насоки односно како треба да се известува во медиумите под контрола од режимот на Владимир Путин.

војнаКремљпропагандаРусијаУкраина