Погледнете го Дончиќ како постигнува гол од половина терен по целосната промена на изгледот (видео)

Лука Дончиќ повеќе нема проблеми со вишокот килограми, а словенечкиот кошаркар предизвика возбуда кај навивачите откако се појавија нови снимки од подготовките за Евробаскетот.

Имено, на една од снимките јасно се гледа дека Дончиќ е во врвна форма, физички и психички, за што се зборува со години.

Лука целосно го трансформираше своето тело и изгледа подобро од кога било во дресот на репрезентацијата.

Така видеото од тренингот, каде што тој лесно погодува тројки од половина терен, набрзо стана вирално.

Дончиќ доминираше на НБА паркетите дури и со вишок килограми, а сега Дончиќ влегува во нова репрезентативна авантура во врвна форма.

Ова им дава вистинска надеж на словенечките репрезентативци дека можат да го нападнат самиот врв на Европа, што изгледа возможно со Дончиќ вака.

Лука во овој момент изгледа како да е подготвен да освои сè.