Подгответе се, сега ќе нè вакцинираат поради климатските промени! СЗО најави нова глобална имунизација!

Светската здравствена организација (СЗО) сугерира дека можеби е потребна масовна вакцинација за борба против болестите што ги пренесуваат комарците, бидејќи заразените инсекти мигрираат во нови земји поради климатските промени.

Д-р Марија Ван Керхове, директор за техничко водство на СЗО за СОВИД-19, рече дека светот „мора да може да се подготви за тоа“.

Седејќи до генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, Ван Керхове додаде дека земјите треба „да видат како се менува и интензивира динамиката на климатските промени и да се подготват за тоа“.

Шефот на СЗО, Гебрејесус, открива дека СОВИД-19 повеќе не е итен случај, но ризикот останува висок. Тој, исто така, се пожали дека многу земји повеќе не ги пријавуваат своите податоци за КОВИД до СЗО.

Тој рече дека во изминатиот месец, само 25 отсто од земјите и териториите пријавиле смртни случаи од Ковид-19 во СЗО, што е пад од процентите во претходните извештаи.

– Само 11 проценти пријавиле хоспитализирања и прием на интензивна терапија. Ова не значи дека другите земји немаат смртни случаи или хоспитализации – тоа значи дека тие не се пријавени во СЗО – рече тој.

Гебрејесус побара од земјите повторно да почнат да поднесуваат податоци до неговата организација.

– Вирусот продолжува да циркулира во сите земји, продолжува да убива и продолжува да мутира – предупреди тој.