Поднесена кривична пријава против поранешен директор на основно училиште во Липково, го оштетил државниот буџет за 577.550 денари

Полициската управа Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г. (51) од село Ликове, општина Ликовo, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2024 година, осомничениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерството за финансии и без да објави јавен оглас, со што го оштетил државниот буџет во вкупен износ од 577.550 денари.