Позната авиокомпанија почна да наплаќа за она што сите го правиме во авионот, а тоа беше бесплатно

Тоа е тема што често предизвикува дискусии меѓу патниците.

Додека некои сметаат дека имаат право да седат удобно, други го сметаат тоа за грубо бидејќи просторот на лицето што седи позади е дополнително намален – особено за време на послужување храна. Во некои компании, како што е „Спирит ерлајнс“, потпирачот за грб повеќе не може воопшто да се помести назад.

Сепак, „Вестџет“ одлучи да избере поинаков пат. Компанијата ги обновува своите авиони (Боинг 737-8 MAX и 737-800) и воведува „помодерно искуство со летање“. Ова значи дека секој авион ќе има 12 т.н.

Премиум седиштата со спуштање имаат поголем потпирач за глава и ергономска форма. Секако – со дополнителна цена.

Веднаш зад нив ќе бидат 36 седишта во делот „Проширена удобност“, кои повеќе не можат да се спуштаат, но нудат повеќе простор за нозете. „Кабината е дизајнирана да понуди удобност за секој буџет“, изјави Саманта Тејлор, извршен потпретседател на „ВестЏет“ и директор за корисничко искуство.

Патниците на тој начин ќе избираат, повеќе простор и удобност или поевтин билет. Колку подалеку седите во авионот, толку помалку простор имате.

Сепак, критичарите тврдат дека на овој начин авиокомпаниите наплаќаат за нешто што некогаш било вклучено во цената. „Фантазиската авиокомпанија никогаш не престанува да ме воодушевува“, рече Џон Градек, предавач по авијација на Универзитетот Мекгил.

„Патниците денес плаќаат повеќе за да го добијат она што некогаш го имале“.