Позната е состојбата на Милиќ Вукашиновиќ откако му ја ампутирале ногата: Познатиот рокер откри кога излегувал од болница (фото)

Милиќ Вукашиновиќ неодамна беше подложен на тешка операција, при што поради мачните болки кои ги трпеше со денови му беше ампутирана ногата до коленото. Оваа одлука лекарите ја донеле за да му го спасат животот и да му ја олеснат здравствената состојба.

Рокерот проговорил за порталот „Hello“ и открил како се чувствува. 

– Подобро ми е, само ме преврзаа. Немам болки, бидејќи има апарат што го користам и навистина ми помага. Задоволен сум од закрепнувањето, како и од посветеноста на докторот. А најдобрата вест што штотуку ја добив е дека утре ќе бидам отпуштен од болница – изјави тој за ,,Hallo”.

Како што истакнува, ниту ампутацијата на ногата психички не го потресе.

– Свесен сум дека јас и моите навики сме единствено виновни за мојата состојба. Го прифатив и продолжувам понатаму. Не сум од оние кои кукаат за хендикепот. Не се чувствувам како инвалид – призна, па додаде:

– Ќе купам каубојски чизми, најдобрите што ги има. Сите ќе гледаат во чизмите, никој нема ни да забележи дека немам нога. И добри панталони – рече Вукашиновиќ.