Милко Ѓуровски беше првиот фудбалер кој од Црвена Звезда се пресели во Партизан, но и првиот фудбалер кој и’ подари дрес на Лепа Брена.
За време на снимањето на спотот за песната „Nama je beste“ направена е неверојатна фотографија.
Во видеото Милко е облечен во дресот на Партизан, а покрај него поминува познатата пејачка во дресот на Црвена звезда.
На споменатата фотографија Лепа Брена е фатена како го соблекува црвено-белиот дрес пред Милко, а кога сликата завршила на официјалниот профил на пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, како опис напишала „Разменуваме дресови“.
За погледот на Милко и денес се зборува. Погледнете зошто:
Да потсетиме, Милко Ѓуровски за шест сезони со Црвена Звезда освои две шампионски титули и два купа на Југославија, а во летниот преоден рок 1986 година се пресели во Партизан со кој освои по една титула, Купот и Суперкупот на Југославија во четири години.
Во 1990 година ја продолжи кариерата во Гронинген, кој во првата сезона доведе до најголемиот успех во историјата, третото место во холандскиот шампионат. Во својата кариера настапуваше и за Олимпик од Ним, Железничар од Марибор и Бежиград од Љубљана.
За репрезентацијата на Југославија одигра шест натпревари на кои двапати беше стрелец.