Страшна сообраќајна несреќа во која загаснаа два млади животи. И двајцата беа вработени во Министерството за одбрана . Со потресни зборови поранешната министерка Славјанка Петровска се прости од своите поранешни колеги.
Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота.
Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот.
Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање.
Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства.
Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир.