Поранешниот германски министер предлага на Канада да и се понуди делумно членство во ЕУ

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел предложи на Канада да и биде понудено делумно членство во Европската унија.

Можеби не како целосно интегриран член како другите, но можеби делумно“, рече социјалдемократот, пишува yahoonews .

„Европа мора да се спротивстави на притисокот на претседателот Доналд Трамп да ја направи Канада дел од САД“, рече Габриел, кој беше министер за надворешни работи од 2017 до 2018 година и беше вицеканцелар од 2013 до 2018 година кога Ангела Меркел беше канцелар.

„Поевропски од некои членки на Европската унија“

„Во секој случај, Канада е поевропска од некои членки на Европската унија“, додаде тој.

Се известува дека Трамп постојано ја нарекува Канада како 51-ва држава на САД.

Инаку, американскиот претседател изврши притисок врз северниот сосед преку царини, што ја натера Канада да воведе царини за увоз на некои возила од САД.