ПОРАНЕШНИОТ ПРВ ЧОВЕК НА МОСАД УДРИ ОСТРО ПО БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ – “Нашата разузнавачка служба целосно се распадна…“

Поранешниот прв човек на израелската разузнавачка служба Мосад, Дени Јатом, вели дека денес Хамас е убиствена организација чија мисија е да убие што е можно повеќе Евреи и да ја уништи државата Израел, додавајќи дека војната ќе заврши кога Израел ќе постигне сите негови цели.

Хамас сакаше со оваа операција да постигне две цели. Првата е да не удри, за да ја почувствуваме болката и да убиеме што повеќе Израелци. Хамас успеа да убие повеќе од 1.400 луѓе. Повеќе од 1.000 цивили кои главно беа убиени во своите домови и повеќе од 300 војници“, изјави Дени Јатом на новинарите во Тел Авив.

Друга цел на Хамас, според него, била да предизвика паника низ Израел со цел да ја уништи способноста на израелското општество да стои цврсто.

Многу Израелци беа исплашени поради злосторствата што ги изврши Хамас. Многумина од нив се плашеа дека Хамас ќе дојде со терористи во Тел Авив и ќе колат луѓе овде, како и да бидат сведоци на убиства на бебиња и се што сведочат луѓето во Појасот Газа“, вели Дени Јатом.

Дени Јатом

Тој додава дека израелската разузнавачка заедница не била подготвена и не добила предупредување за можен терористички напад.

Нашата разузнавачка заедница е позната во целиот свет како можеби најдобриот безбедносен апарат кој целосно пропадна. Наместо какво било предупредување до Владата и командантот на вооружените сили, безбедносниот апарат вели дека нивните разузнавачи не успеале да им ги дадат најважните информации“, истакна поранешниот прв човек на Мосад.

Тој вели дека израелските власти не биле подготвени за нападот поради концептот во кој премиерот Бенјамин Нетанјаху верувал дека Хамас е „одвратен“ и дека палестинската управа треба да биде ослабена и Хамас да се остави настрана.

Дени Јатом додаде дека било планирано Хамас да добие еден милион долари за да може да управува со Појасот Газа, но дека има предупредувања дека палестинската милитантна група продолжува да купува оружје, ракети, беспилотни летала и да гради подземни бункери и тунели.

Тој посочи дека по војната, „која ќе заврши кога Израел ќе ги постигне сите свои цели“, ќе се формира комитет кој ќе испита зошто израелската разузнавачка заедница не знаела дека се подготвува напад.

Мораме да го истражиме тоа за да откриеме што точно се случило и што ги предизвикало тие неуспеси, но и да знаеме што треба да направиме за да не ни се повтори нешто такво“, вели Дени Јатом.

Поранешниот прв човек на Мосад ја критикуваше израелската Влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тие се уште се ангажирани во судските реформи, кои тој ги нарече „судски удар“.

Оваа Влада продолжи и продолжува да се занимава со реформите во правосудството. Тоа сега никому не му треба и очекувам мојата Влада и премиерот јасно и гласно да кажат дека реформата е мртва, бидејќи има многу работи што треба да ги направиме, а се многу поважни. Се надевам дека тоа ќе се случи“, заклучува Дени Јатом.

војнаДени ЈатомИзраелМосадПалестинаПојас ГазаХамас