Кинескиот давател на услуги во областа на вселенската технологија и копнените апликации USPACE Technology Group го назначи поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на позицијата независен неизвршен директор на компанијата со седиште во Хонг Конг.
Како што пренесува Bizlife.rs , во соопштението на компанијата, се нагласува дека Борис Тадиќ, заедно со новоименуваниот извршен директор и претседател на Одборот на директори, Бен Амор, генерален директор на Арапската организација за информатички и комуникациски технологии, ќе придонесе за значително подобрување на меѓународната конкурентност на Групацијата.
Нивното искуство во воздухопловниот сектор и глобалната визија треба да го олеснат проширувањето на соработката и подобро да ги искористат можностите за развој на глобалниот пазар. Позицијата на независен неизвршен директор подразбира советодавна улога, каде Тадиќ ги разгледува деловните перформанси и дава стратешки насоки, но не учествува во секојдневното управување на организацијата – се заклучува во соопштението.