Премиерата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“ неочекувано повторно ја спои поранешната двојка…
Во Њујорк се одржа премиерата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“, на кој работеа заедно
Џенифер Лопез и Бен Афлек .
Тие изненадија многумина позирајќи заедно пред фотографите, но и ги потсетија на некои стари времиња. Поранешните сопружници покажаа дека останале во пријателски односи и дека сè е во ред меѓу нив.
Двајцата не ги криеја своите насмевки, сепак, и покрај желбите на фановите, сè остана само на пријателска основа.
Во еден момент, Џеј Ло им се заблагодари на сите, особено на Бен.
„Ви благодарам на сите што бевте тука вечерва. Ти благодарам Бен, овој филм немаше да биде направен без тебе“, рече латино дивата.
За оваа пригода, Џеј Ло избра драматична креација со цветни мотиви, но и тродимензионален детаљ што оди околу половината и главата.
Од друга страна, Афлек беше во едноставно темно одело и бела кошула и цело време стоеше насмеан покрај својата поранешна сопруга.