Поранешното момче на Ким Кардашијан најави тужба против неа и нејзината мајка Крис Џенер: „Ќе биде полошо од Диди“

Американскиот пејач и актер Реј Џ. изнесе низа сериозни и шокантни обвинувања против поранешната девојка Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер, тврдејќи дека соработува со федералните истражители на истрагата на RICO против нив.Имено, во неодамнешното емитување во живо на социјалните мрежи, кое брзо се прошири низ интернет, Реј Џ. ѝ порача на раперката Крисиан Рок дека федералната истрага може сериозно да го компромитира познатото семејство.

„Обвинението на RICO што го поднесувам против Крис и Ким ќе биде лудо. Ќе бидам на вестите секој ден. Ќе кажувам многу глупости. Секој што е близок со Ким треба да ѝ каже дека федералците доаѓаат. Нема ништо што повеќе може да го запре овој процес“, рече Реј Џ.

Тој додаде дека смета дека ситуацијата е „полоша од случајот на Диди“, алудирајќи на скандалите што го следеа раперот Шон Диди Комбс. Сепак, Реј Џ. не навлезе во детали за доказите, ниту објасни на што точно се темели наводната истрага.

Законот RICO (Закон за рекетарство и корумпирани организации) најчесто се користи во случаи на организиран криминал, вклучувајќи ја мафијата и нарко-картелите. Истиот закон беше користен и во случајот против Диди, кој во мај беше ослободен од обвинението за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, иако беше прогласен за виновен за други кривични дела поврзани со проституција.

Реј Џ. веќе долго време има затегнати односи со семејството Кардашијан. Ве потсетуваме дека во 2007 година, заедно со Ким Кардашијан, тој беше во центарот на скандал кога нивната интимна снимка беше објавена во јавноста. Иако во тоа време тврдеа дека станува збор за „протекување“ без согласност, Реј Џ. години подоцна ја обвини Крис Џенер дека имала улога во дистрибуцијата на видеото.

Во еден пост од 2022 година, кој подоцна го избриша, тој ја нападна Крис Џенер, велејќи: „Се закачуваш со погрешен црнец, Крис. Не ме интересира колку години има. Она што се обидуваш да ми го направиш е нехумано, расистичко и сосема погрешно.“

Реј Џ. постојано нагласуваше дека објавувањето на снимката му го уништило угледот и приватниот живот, нарекувајќи го „најлошото нешто што му се случило“.