Длабокото чистење на душекот не е омилена работа, но со комбинација на сол, сода бикарбона и оцет, дамките можат да исчезнат без скапи средства за чистење.
Дури и ако редовно ги миете чаршафите и се грижите за хигиената, често остануваат тврдоглави дамки на душекот, а нивното отстранување може да изгледа како невозможна мисија. Наместо да трошите пари на скапи производи за чистење , домашната комбинација од сол, сода бикарбона и оцет може да биде решение.
Еден корисник на TikTok сподели рецепт за природен лек кој ги отстранува дури и најтврдокорните
дамки . Се што ви треба се:
1 лажица сол
- 150 мл топла вода
- течност за миење садови
- 2 лажици алкохолен оцет
- 1 лажица сода бикарбона
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете светло зелена боја откако ќе ја додадете течноста за миење садови. Потоа посипете ги дамките на душекот со сол и нанесете тенок слој од подготвената смеса. Откако ќе се третира дамката, избришете ја со чиста крпа.
@easy.tips39 Did you know? #f #fyp #fypシ #foryoupageofficiall ♬ som original – Easy Tips
Според корисникот, овој метод ја отстранува невидливата нечистотија, но може да предизвика кивање или блага алергиска реакција, па затоа се препорачува редовно чистење на душекот.
Експертите истакнуваат и дека една дневна навика придонесува за размножување на грините. Имено, местењето на креветот веднаш по станувањето создава совршени услови за развој на овие микроскопски суштества. Грините сакаат топла и влажна средина, па препорачливо е да ги оставите ќебињата да се проветруваат пред да ги наредените, пренесува „ Мирор “.
Овие невидливи штетници се хранат со остатоците од кожата на постелнината, а оптималната температура за нивниот развој е помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови. Затоа, редовното проветрување и чистење е важно за да се намали нивното присуство.