Постигнаa договор

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека постигнал трговски договор со виетнамските власти.

„Тукушто склучив трговски договор со Виетнам“, напиша тој на својот профил на Truth Social.

Тој додаде дека Виетнам ќе плаќа царински давачки од 20 проценти за целата стока што ќе ја испрати на територијата на Соединетите Американски Држави, како и дополнителни 40 проценти за транспорт со брод, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, Виетнам ќе „отвори свој пазар за САД“, што значи дека американските производители ќе можат да ги продаваат своите стоки во Виетнам без да плаќаат никакви царини.