Бидејќи постојат сомневања дека го зголемува ризикот од рак, Европската Унија размислува за забрана на етанол во средствата за чистење и други производи.
ЕУ размислува да го класифицира етанолот како опасна супстанца што го зголемува ризикот од малигни заболувања, т.е. е потенцијално канцероген .
Етанолот е супстанца што се користи во многу средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и други производи , според „Фајненшл тајмс“.
Внатрешна препорака од 10 октомври од една од работните групи во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) го означи етанолот како токсична супстанца што го зголемува ризикот од рак и доведува до компликации во бременоста .
Внатрешната препорака сугерира дека фенанолот треба да се забрани и да се замени со други супстанции во средствата за чистење и другите производи.
Комитетот за биоцидни производи на ECHA треба да се состане помеѓу 25 и 28 ноември за да им препорача на регулаторите негова замена, а конечната одлука треба да ја донесе Европската комисија.