Владиќ беше дел од познатото трио БМВ од Мостар, во кое беа Душан Бајевиќ и Енвер Мариќ.
Фрањо Владиќ, еден од најдобрите југословенски фудбалери на сите времиња и поранешен југословенски репрезентативец, почина на 74-годишна возраст.
Тој порасна во клубот од Мостар, каде играше и за младинскиот тим, како и за сениорскиот тим, каде што се прослави во светот на фудбалот. Тој своевремено настапуваше и за АЕК од Атина, пред да се врати во Вележ.
Како што пишува Klix.ba, Владиќ одигра повеќе од 700 натпревари и постигна 300 голови. Многумина го паметат како одличен фудбалер. Беше интелигентен, префинет техничар, мајстор за долги додавања и дриблинг.
Владиќ беше дел од познатото мостарско БМВ кое го сочинуваа Душан Бајевиќ и Енвер Мариќ.
Бил и репрезентативец на Југославија. 18 пати бил младински репрезентативец, 12 пати бил олимписки, а 24 патииграл за А репрезентацијата. За Југославија постигна три гола.
За селекцијата на поранешната земја дебитираше во 1972 година во Лондон против Англија, каде беше стрелец во ремито против Англичаните – 1:1.
Последниот натпревар за Југославија го одигра во 1977 година во Леон против Мексико.
Времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна, пишува Klix.ba.