Почина Мерван Илјази, младиот тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој настапува во Третата македонска лига.
Информациите велат дека Илјази бил погоден од залутан куршум и се бореше за својот живот, но за жал не успеа во таа битка.
Веста за неговата смрт ја објави и фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој изразува сочувство до семејството за оваа голема загуба.
Денеска третолигашкиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Ринија започна со едноминутно молчење.
Инаку фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново игра оваа натпреварувачка сезона во Третата лига – Север.