Пријателите се збогуваат со емотивни зборови!
По долго боледување пред неколку дена во Сараево почина Дамир Пашиќ Дади (47), поранешен член на групата „Seven Up“.
– Комеморацијата и погребот за нашиот Дади е во четврток на 1 јуни 2023 година – напиша неговиот пријател и поранешен колега од бендот Елвир Лило Хаџијамаковиќ.
Пашиќ во февруари годинава дознал дека боледува од рак на панкреасот, со метастази. Од него на социјалните мрежи се простуваат пријатели, колеги и познаници, меѓу кои и Елвир Хаџијамаковиќ – Лило.
– Дади, брат наш, поминавме многу заедно, и добри и лоши, бев сигурен дека ќе ја добиеме оваа битка, но не. Пеј и играј и почекај да се најдеме горе. Нека ти е лесна нашата земја. Те сака брат ти Лило и другите браќа од неа 7UP: Гоги, Недим и Фудо – пишува во објавата под заедничката фотографија.
Од својот пријател се прости и пејачот Фуад Баковиќ Дин.
– Најмил мој Дамире Пашиќ, брат ми, заедно растевме, сонувавме и ги допиравме ѕвездите! Имав само четиринаесет години кога станав дел од семејството наречено „Seven Up“ и тој ден добив четворица браќа! Бевте посебни, полни со живот и неопислив извор на енергија за сите нас! Група Seven Up – Сараево и ти си најважниот период од мојот живот, растењето и мојата музичка кариера. Ти беше мојата поддршка, мојата заштита, моето семејство кога бевме на турнеи и мои примери! Бевме пионери на поп-рок музичка школа и сцена и вистински визионери кои ги скршија сите граници со музика, песна и порака за љубов и заедништво. Заедно, постигнавме се што можеше да се постигне на просторот на поранешна Југославија, дури и кога сите ни велеа дека тоа е невозможно! Никој друг како нас и никој друг како тебе! Моето срце е скршено утрово и тешко ќе се справам со фактот дека повеќе нема да го слушам твојот глас и да се смеам на твоите шеги, дури и кога ти беше тешко… Ти беше и остана олицетворение на вистински Сарајлија кој го обожаваше својот град, својот народ и на кој не остана рамнодушна ниту една девојка која беше во твојата близина. Патувај сега, а јас ќе те чувам во моето срце и сеќавањата до крај! Те сака твојот брат!