Почина уште едно лице повредено во пожарот во Кочани, со што бројот на жртвите се искачи на 62

Министерството за здравство соопштува дека, според информациите на ВМА во Белград, утрово починал Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Станува збор за пациент кој од првиот ден, според првичната тријажа што ја извршиле медицинските екипи, веднаш бил испратен на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и изминатиов месец е интубиран и во критична состојба.

„Пациентот имаше изгореници кои покриваа 27 проценти од телото и сериозни повреди од вдишување чад. Тој беше опериран во ВМА на 4 април и беше поставен на ECMO уред, кој ја оксигенира крвта преку машина поради вдишување чад. Сепак, поради сериозноста на неговите повреди, тој беше во нестабилна состојба и во тешка општа состојба поголемиот дел од престојот во болницата.

„Министерството за здравство изразува најискрено сочувство до семејството и до сите погодени од трагедијата во Кочани“, соопшти Министерството за здравство.