Почна тестирањето на вакцината против рак на белите дробови! Истражувањето на новиот лек се врши во 7 земји

Пациент во Велика Британија ја прими првата доза на вакцина против најчестиот облик на рак на белите дробови.

Лекарите почнаа да ја тестираат првата вакцина против рак на белите дробови mRNA на пациенти, бидејќи експертите го поздравија нејзиниот „револуционерен“ потенцијал да спаси илјадници животи.

Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак во светот, со приближно 1,8 милиони смртни случаи секоја година. Стапките на преживување се особено ниски за оние со напредни форми на болеста, каде што туморите се прошириле.

Тестирање вакцини во 7 земји

Сега експертите тестираат нова вакцина која му наложува на телото да ги лови и убива клетките на ракот – а потоа да ги спречи да се вратат. Позната како BNT116 и направена од BioNTech, вакцината е дизајнирана за лекување на неситноклеточен карцином на белите дробови (NSCLC), најчеста форма на болеста.

Фаза 1 клиничко испитување, првото тестирање на вакцината на луѓе, започна на 34 истражувачки локации во седум земји: ОК, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

 

Првиот пациент ја примил првата доза од вакцината

Пациентот во Велика Британија кој неделава ја прими првата доза од вакцината е првиот пациент кој ја прими оваа вакцина.

Оваа вакцина ќе ја примат околу 130 пациенти. Од нив 20 се од Велика Британија. Пациентите се во различни стадиуми на болеста – од рана фаза пред операција или радиотерапија, до доцна фаза на болеста или рекурентен карцином.

Целта е да се зајакне имунолошкиот одговор на една личност на ракот, додека здравите клетки ќе останат непроменети, за разлика од хемотерапијата.

„ Сега влегуваме во оваа многу возбудлива нова ера на клинички испитувања на имунотерапија базирана на mRNA за да го истражиме третманот на ракот на белите дробови“,  рече професорот Ксиу Минг Ли, кој го води истражувањето во ОК.

– Оваа технологија е следната голема фаза од лекувањето на ракот – додаде тој, пренесува Гардијан.