Последниве денови медиумскиот свет повторно беше во центарот на вниманието поради вестите кои изненадија многумина – наводно, Канје Вест и Бјанка Сенсори се разведуваат. Гласините се појавија веднаш по скандалозниот момент на доделувањето на Греми наградите, кога Бјанка ги шокираше присутните појавувајќи се гола на црвениот тепих. Меѓутоа, набргу потоа медиумите објавија демант од претставниците на парот.
Демант од нивниот ПР тим
Мило Јанопулос, портпаролот на парот, ги демантираше сите гласини за развод, нагласувајќи дека сето тоа се само шпекулации и дезинформации.
,,Канје и Бјанка се во Лос Анџелес и планираат заедно да уживаат во Денот на вљубените. Секоја информација за нивниот приватен живот, доколку сакаат да ја споделат, ќе ја слушнете директно од нив, а не од таблоидите“, рече Јанопулос, истакнувајќи дека ова е втор или трет пат да се појавуваат такви гласини за нивната наводна разделба.
Збунувачки информации од други извори
Сепак, британските „Дејли мејл“ и „ТМЗ“ ги пренесоа тврдењата на неименуван извор близок до парот, кој тврди дека Канје и Бјанка навистина се разделиле. Парот, исто така, се соопштува дека контактирал со адвокати во четвртокот, што дополнително ги поттикна шпекулациите за развод. Медиумите тврдат дека официјално барање за развод би можело да биде поднесено во наредните денови.
Бурни недели за парот
Последните две недели беа турбулентни за Канје и Бјанка. На 67. доделување на Греми наградите, нивниот настап предизвика бројни коментари, а беше проследен и со уште неколку контроверзии, вклучувајќи ја и платената реклама на Канје за неговиот бренд „Yeezy“ за време на Супер Боул, како и неговите проблематични објави на социјалните мрежи кои резултираа со блокирање на неговата сметка. Подоцна, неговиот профил на X беше вратен.
Контроверзии околу нивната врска
И додека светските медиуми пишуваат за контролата што наводно Канје ја има врз Бјанка, прашувајќи се дали таа навистина ги носи одлуките за нејзините разголени изданија или тие се наметнати од нејзиниот сопруг, јасно е дека и двајцата во последно време се под силен лупа на јавноста. Иако парот официјално не ги потврди или негира сите овие наводи, многумина се прашуваат што ќе се случи со нивната врска во наредните месеци.