Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди населбата Синдирги во Баликешир во неделата вечерта, а беше почувствуван во многу делови од Турција, вклучувајќи ги Измир и Истанбул.
Потоа следеа три малку послаби земјотреси, а според информациите, имало повредени лица, а се урнале и неколку згради.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им изрази сочувство на сите погодени од земјотресот, велејќи дека внимателно ќе ги следи последиците.
Градоначалникот на Синдиргија, Серкан Сак, изјави дека, според моменталните информации, се урнале 10 згради.
„Четири лица беа спасени од локацијата каде што живееја шест лица во центарот, а потрагата по уште две продолжува. Немаме информации за евентуални загуби на животи“, рече Сак.
Локалните медиуми јавуваат дека речиси сите куќи во селата Алагир, Кизилгур и Голџук се сериозно оштетени, а оџаците и минарињата се уништени. Пукнатини се видливи на ѕидовите на куќите.
На видеата може да се видат спасувачи и граѓани како спасуваат мештани од урнати згради на неколку локации.