По седумдневни протести и блокади, вработените во „Флораком“ и „Луна“, основани од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопјe, ги добија августовските плати.
Синдикатот на гастрономија, туризам, општински и станбени претпријатија, занаетчии и заштитни друштва апелираше до раководството на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ да обезбеди средства за септемвриската плата, за да не се повторат протестите.