Собранието на Република Северна Македонија неделава започнува со интензивни активности, при што се закажани повеќе седници и комисиски расправи.
Денеска ќе се одржи 38. собраниска седница, на чиј дневен ред се именувања во различни институции, како што се предлог на одлука за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, Предлог на одлука за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, измени на закони за инфраструктурни проекти, технолошко-индустриски зони, електронски комуникации, спорт, пензиско осигурување и други области. Паралелно ќе заседаваат седум парламентарни комисии, како и Националниот совет за евроинтеграции.
За утре е закажана 40. собраниска седница, каде што главна точка ќе бидат интерпелациите за членовите на Судскиот совет. Покрај тоа, ќе се одржи седница за надзор над работата на безбедносните агенции и презентација за фискалното управување во Европската Унија.
Активностите во законодавниот дом ќе продолжат и во наредните денови, со расправи за клучни закони и мерки.