Во светот постојат околу 1.400 видови компир, додека 140 се користат во исхраната на луѓето. Оваа вкусна намирница може да се консумира на безброј начини и е омилена кај децата и возрасните.
Во светот постојат околу 1.400 видови компир, додека 140 се користат во исхраната на луѓето. Оваа вкусна намирница може да се консумира на безброј начини и е омилена кај децата и возрасните.
4 поголеми млади компири
2 јајца
200 мл павлака
100 г сирење
100 г путер
Начин на подготовка:
Компирите убаво измијте ги, избришете ги и намачкајте ги со масло. Ставете ги да се испечат. Откако ќе бидат испечени, исечете го горниот дел. Извадете го средишниот дел од компирите и ставете го во посебен сад. Додадете ги во садот јајцата, растопениот путер, додајте павлака, сирење и измешајте. Со оваа смеса наполнете ги компирите.
Преку нив ставете неколку тенки парчиња путер и оставете да се печат уште 10 минути.
Послужете ги со салата.