Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека државните служби внимателно го следат секое известување на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), нагласувајќи дека таа е една од најмоќните служби во светот.
„Внимателно го следиме секое соопштение на СВР, внимателно читаме, анализираме и соодветно им одговараме на нашите руски партнери. Тоа е една од најмоќните служби, агенции за надворешна политика. Секогаш следиме и читаме внимателно. Не се сомневам дека оние што ја организираа обоената револуција не можат туку така да се откажат, премногу пари се инвестирани, ќе мора да направат последен обид да ја преземат власта со сила, ние сме подготвени за тоа“, рече претседателот на Србија.
„Веројатно бевме изненадени и неподготвени во декември, јануари и дел од февруари. Благодарност до нашите руски партнери за информациите и известувањата. Ќе ја спасиме и ќе ја браниме Србија“, додаде претседателот.