Препорачливо е да се консумираат овие намирници пред спиење: Тие го подобруваат крвниот притисок

Иако често се истакнува дека вечерата има најголем ефект врз крвниот притисок, некои експерти покажуваат дека ноќната ужина е важен сојузник во регулирањето на високиот крвен притисок.

Ако сакате да го поддржите здравјето на вашето срце, експертите препорачуваат здрава храна пред спиење.

Кефирот е ферментиран млечен пијалак богат со пробиотици, како и калиум и магнезиум, минерали кои имаат значително влијание врз намалувањето на крвниот притисок. Според експертите за исхрана, кефирот пред спиење помага во опуштање на крвните садови и го подобрува варењето на храната без додаден шеќер или натриум.

Бананите се познати по нивната висока содржина на калиум, што е од суштинско значење за здравјето на срцето и крвните садови. Во комбинација со путер од бадеми, тие се извор на здрави масти и магнезиум, кои го смируваат нервниот систем и спречуваат скокови на крвниот притисок во текот на ноќта. Healthline ја наведува оваа комбинација како идеална ноќна ужина за балансиран крвен притисок.

Покрај тоа, ф’стаците се семки богати со магнезиум, калиум и здрави масти. Редовното консумирање на неколку ф’стаци навечер има позитивен ефект врз биоритмите на крвниот притисок со минимален внес на калории и без зголемување на шеќерот во крвта.

Калиумот и магнезиумот помагаат во регулирањето на крвниот притисок преку олеснување на релаксацијата на крвните садови и отстранувањето на натриумот од крвта. Пробиотиците во кефирот исто така имаат корисен ефект врз цревната флора, што има важни придобивки за циркулацијата.

Здравите масти и влакна од путерот од бадеми и ф’стаците помагаат во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта и спречуваат напади на глад во текот на ноќта. Иако се здрави, не е препорачливо да се претерува со овие намирници.