Предметот што погоди куќа во Полска претходно овој месец најверојатно бил ракета испукана од полски авион што требало да собори руски беспилотни летала во воздушниот простор на Полска, изјави полскиот министер за специјални служби Томаш Сјемонијак.
„Сè укажува дека станува збор за ракета испукана од наш авион кој ги бранеше Полска и нашите граѓани“, рече министерот, пренесува Ројтерс.
Полските власти првично објавија дека куќа во полското село Чирики-Вола била погодена од еден од 21 руски беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор ноќта меѓу 9 и 10 септември, но потоа полските медиуми објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека куќата била погодена од ракета испукана од полски авион Ф-16 чиј систем за водење не функционирал.
Претходно денес, полскиот премиер Доналд Туск ги отфрли медиумските извештаи дека погрешно испукана полска ракета наводно погодила куќа за време на руски напад со беспилотни летала, истакнувајќи дека Русија сноси одговорност за предизвиканата штета.
Според заменик-министерот за одбрана, Цезарио Томчик, ракета долга три метри, тешка повеќе од 150 килограми, паднала врз куќата.
Во инцидентот што се случи во селото Вирики-Воља во близина на границата со Белорусија, нема жртви, а покривот на зградата е оштетен.
По извршениот увид, Обвинителството во Лублин, со поддршка на експерти, лесно ги идентификуваше остатоците од 17 дронови, но одби да коментира што паднало во селото Вирики.