Ендру Кабот, сопруг на поранешната директорка за човечки ресурси на „Астрономер“, Кристин Кабот, рече дека тие веќе се развеле пред таа да биде снимена како разменува нежности со поранешниот директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Неговиот портпарол изјави за списанието „Пипл“ дека тие одлучиле да го прекинат бракот неколку недели пред концертот. Кристин поднесе барање за развод минатиот месец.
„Сега кога барањето за развод стана јавно, Ендру се надева дека ова ќе донесе достоинствен крај на шпекулациите и ќе му ја овозможи на неговото семејство приватноста што отсекогаш ја ценеле“, додаде неговиот портпарол.
Како што е познато, видеото на кое Кристин и Енди разменуваат нежности речиси веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а многумина ги нарекоа прељубници.
Кога фронтменот на „Колдплеј“, Крист Мартин, ги виде, се пошегува: „Или имаат афера или се само многу срамежливи“.
Сепак, по објавата на Ендру, јасно е дека нивната љубов завршила уште пред овој концерт.
Набрзо беше откриено дека лицето за кое станува збор е извршен директор на „Астрономер“ и раководител на одделот за човечки ресурси за истата компанија. Иако Кристин веќе била во процес на развод, снимката имала сериозни последици – Бајрон поднесе оставка од функцијата извршен директор, а Кристин ја напуштила работата.
Нивните профили беа отстранети од официјалната веб-страница, додека сопругата на Бајрон набрзо ги избриша своите профили на социјалните мрежи.
Кристин официјално поднесе барање за развод на 13 август. Двојката, која немаше деца заедно, се венча по претходни неуспешни бракови.
Оваа афера го разоткри и богатството на семејството Кабот. Ендру е потомок на еден од најстарите и најмоќните бостонски кланови, чие богатство се проценува на повеќе од 14 милијарди евра. Денес, тој раководи со успешна компанија за рум, „Приватер Рум“.
Неодамна, тој и Кристин купија луксузен дом на брегот на Њу Хемпшир, вреден околу два милиони евра, не сфаќајќи дека нивната приватност наскоро ќе стане тема на вниманието на глобалните медиуми.