„ПРЕСТАНАВ ДА ЈА БРКАМ МЛАДОСТА“: Познатата актерка проговори за естетските корекции, а потоа призна нешто што никогаш не се осмелила

Има толку голем притисок да се остане млад во оваа индустрија што штом ќе започнете, тоа станува домино ефект и продолжувате да го правите тоа се повеќе и повеќе, изјави актерката Кортни Кокс (59) за британскиот неделник Woman, пренесува Page Six.

Таа објасни како донела одлука да „направи нешто на себе“ под притисок дека мора да остане млада по секоја цена.

– За остатокот од светот твоето лице очигледно е променето, но не го забележуваш тоа, особено кога имаш само една процедура – рече таа, додавајќи дека од сопственото искуство била убедена дека „тоа било целосно губење на време’.

Таа признава дека претерала со инјекциите.

– Не сфаќаш дека изгледаш чудно, па продолжуваш да инјектираш повеќе затоа што си изгледаш нормално. Фала богу филерите се отстранливи. Се збркав и сега, за среќа, успеав да намалам поголем дел од штетата – изјави таа претходно.

Таа ги отстрани филерите и сега се обидува да се прифати себеси без тие додатоци.