Претседателката Силјановска го честита Велигден: Можеме да излеземе помудри од катастрофaта, да им помогнеме на сите кои имаат потреба

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, кој годинава на ист ден го слават сите христијански граѓани, упати честитка до поглаварите на црквите во земјава: Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, архиепископот охридски и македонски, г. и Епархијата на Католичката црква Струмичко-Скопје, д-р Киро Стојанов, како и д-р Емил Заев, поглавар на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква.

„Имам огромно задоволство и чест да Ви го честитам, лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на монашката заедница и на православните верници, најголемиот христијански празник Велигден и ви посакувам да го поминете во добро здравје, љубов, радост и среќа.

Да покажеме дека можеме да излеземе од неволјата помудри, подобри и похумани. Да направиме добри дела и да им помогнеме на сите на кои им е потребна помош и поддршка.”