Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

 МВР информира дека ноќеска, во 01.00 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници  ги лишиле од слобода А.Б.(23) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради тешка кражба од автомобил со турски национални ознаки. 

-Имено, А.Б.(23) и И.Б.(21) на 24 февруари 2023 година, на булеварот „Крсте Мисирков“ извршиле кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило „шкода“ со турски национални ознаки, сопственост на А.К.(55) од Р. Турција и од возилото одзеле предмети, известуваат од МВР.

Со пријавените бил извршен службен разговор, а пронајдени биле предметите кои биле вратени на сопственикот.

-По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.