Додека некои луѓе ги земаат телефоните и одговараат веднаш штом ќе пристигне пораката, други ја оставаат „прочитана“ со часови, па дури и денови, без да одговорат. Не е тоа што не сакаат да зборуваат – тие едноставно имаат свој ритам и честопати им е тешко брзо да комуницираат. Според астрологијата, ова се знаците кои најчесто доцнат со одговорите.
Бик
Биковите го сакаат својот мир и не брзаат со ништо, дури ни со пораките. Често размислуваат што ќе напишат и одложуваат да одговорат додека не го пронајдат вистинскиот момент. Нивната бавност не е знак на незаинтересираност, туку едноставно нивен начин на живот.
Вага
Вагите не сакаат да донесуваат избрзани одлуки, па затоа им треба време да одговорат на пораките. Тие често премногу размислуваат како ќе звучат нивните зборови, што резултира со часови или денови одложување. Нивната потреба сè да звучи хармонично ги прави бавни во реагирањето.
Риба
Рибите лесно се впуштаат во својот свет и забораваат дека некој им испратил порака. Понекогаш се губат во своите мисли или обврски, а телефонот не им е приоритет. Дури по неколку дена се сеќаваат да одговорат, честопати со извинување и оправдување.
Стрелец
Стрелците се постојано во движење, полни со нови активности и планови. Затоа испраќањето пораки не е секогаш на нивната листа на приоритети. Кога конечно ќе најдат време, тие одговараат – но често само по неколку дена, како пораката да не е итна.