Пробајте го виралниот есенски рецепт: Јаболка во лиснато тесто

Класичниот рецепт, јаболка во чорба, ја доби својата модерна верзија, која деновиве е мега популарна на TikTok. Јаболката и циметот се ултимативна есенска комбинација. Има многу десерти кои ги комбинираат токму тие две состојки, а овој многу ни се допадна. Многу лесно се прави и е многу вкусен. Во продолжение ви пренесуваме рецепт за јаболка завиткани во лиснато тесто.

Состојки:

– 1 купено лиснато тесто

– 1 големо јаболко

– ¼ шолја шеќер

– 1 лажица цимет

– 1 јајце

@kuvanje_sa_ninom

Jabuke u lisnatom testu Jednostavno a preukusno. 🔸Potrebno: -lisnato testo (rolna iz Lidla), -3-4 jabuke, -malo prezli, -cimet, -šećer u prahu. 🔹Priprema: Prikazana na snimku. Pečete 15ak minuta na 200 stepeni. Prijatno! 🩷

♬ Le Monde – Richard Carter

Лиснатото тесто исечкајте го на ленти со дебелина од прст. Излупете ги јаболката, исечете ги на прстени и извадете ја средината, односно стеблото и јамките. Во сад измешајте цимет и шеќер. Јаболката валкајте ги во смесата со цимет и шеќер. Завиткајте ги лентите од лиснато тесто околу јаболкото како што е прикажано овде. Премачкајте со јајце и посипете со остатокот од циметот и шеќерот. Печете на 180 степени 20 минути.