Египетските археолози открија позлатена мумија запечатена во саркофаг кој не бил отворен 4.300 години. Се верува дека ова е една од најстарите и најкомплетни некралски мумии досега пронајдени во Египет, а остатоците му припаѓаат на маж по име Хекашепес.
Таа е пронајдена на дното на 15-метарско окно на гробното место Сакара јужно од Каиро, заедно со уште три гробници. Археологот Захи Хавас изјави дека сите откритија потекнуваат од периодот меѓу 25. и 22. век пред нашата ера.
„Ова откритие е многу важно зашто ги поврзува кралевите со луѓето кои живееле околу нив“, изјави Хавас.
Сакара било активно гробно место повеќе од 3.000 години и таму се наоѓаат повеќе од десет пирамиди. Daily mail