Проѕирна блуза, гол стомак и високи потпетици: Џеј Ло ги мами воздишките на посилниот пол со провокативен стајлинг: „Сака да му покаже на поранешниот што изгубил“ (ФОТО)

Актерката и пејачка Џенифер Лопез (55) е фотографирана во трговски центар додека била во посета на продавници во Беверли Хилс. Се чини дека по разводот со Бен Афлек, Џеј Ло сè уште се обидува со својот стајлинг да го привлече вниманието на јавноста и медиумите и да му покаже што изгубил со разводот од неа.

Таа за оваа пригода избра облека која дефинитивно не е за секого. Имено, латино дивата се прошета во проѕирна блуза во комбинација со фармерки со низок струк, кои беа хит кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите.

Пејачката е дефинитивно некој кој ги воспоставува модните трендови, или ги враќа на сцената, па сигурно е дека многу девојки ќе го следат нејзиниот пример. Познато е дека таа е љубител на смелиот стајлинг и со задоволство носи парчиња облека што открива повеќе кожа. Така беше и овојпат. Таа во преден план го покажа голиот стомак.

Она што исто така го привлече вниманието на минувачите е нејзината чанта Hermès Birkin од која не може да се одвои, која овојпат беше изработена од кафена брусена кожа. Чантите од овој тип чинат по неколку десетици илјади евра, што значи дека на пејачката и по разводот и’ оди многу добро финансиски.

Комплетниот стајлинг го заокружи со високи потпетици и очила за сонце. Џеј Ло повторно покажа дека е во совршена форма и, корисниците на социјалните мрежи велат дека таа само сака да му покаже на Бен што изгубил, а дали навистина сакала да го каже тоа, одлучете сами.