Пукање во Тетово: Еве каква е здравствената состојба на повредените лица

Министерството за здравство објави информации за здравствената состојба на пациентите кои беа повредени во престрелката во Тетово.

„Во врска со вчерашниот настан во Тетово, четири пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопјe. На КАРИЛ – 32-годишен пациент е примен со прострелна рана во пределот на градниот кош, тешка телесна повреда. На Детска хирургија – 12-годишно дете е примено со прострелна рана во пределот на десната бутина. На Торакална хирургија – 37-годишен пациент е примен со прострелна рана во пределот на градниот кош. На Трауматологија – 60-годишен пациент е примен со фрактура во долниот дел од десната нога“, се вели во соопштението на МЗ.

Додаваат дека сите пациенти се под нега и добиваат соодветна медицинска помош.