Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри продажбата на руската филијала на американската инвестициска банка Голдман Сакс на инвестициската компанија Балчуг Капитал, според владиниот декрет објавен денеска, пренесува Ројтерс.
Москва сè повеќе ја ограничува продажбата на странски средства, особено по почетокот на конфликтот во Украина. Банките можат да склучуваат такви зделки само со директно одобрение на рускиот претседател.
Извор близок до преговорите потврди дека Голдман Сакс постигнала обврзувачки договор за продажба на својата руска филијала, но трансакцијата сè уште е предмет на исполнување на одредени услови, пренесува Ројтерс.
Балчуг Капитал, ерменски инвестициски фонд, не одговори веднаш на прашањата за преземањето, пренесува Ројтерс.
Со компанијата раководи основачот и извршен директор Дејвид Амарјан, кој ги надгледува сите инвестициски активности. Минатата година Балчуг Капитал ги стекна средствата на американскиот производител на машини Caterpillar во Русија, пренесува Пословни Дневник.