Контактите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даваат одредена надеж, изјави рускиот претседател Владимир Путин на проширен состанок на одборот на ФСБ. Во таа прилика тој укажа и на потребата од подобра заштита на руската граница.
– Потребни се дополнителни мерки за сигурна заштита на руската државна граница – нареди рускиот претседател Владимир Путин на седница на колегиумот на ФСБ.
– Треба да преземеме сериозни дополнителни мерки за заштита на државната граница – изјави шефот на руската држава.
„Мораме да продолжиме да ја зголемуваме густината на граничното покривање во потенцијално опасните области, во соработка со армиските единици, единиците на руската национална гарда и Министерството за внатрешни работи, како и локалните власти, за да се обезбеди безбедноста на луѓето во пограничните населби“, нагласи Путин.
Да потсетиме дека денеска зад затворени врати се одржаа преговорите меѓу руските и американските дипломати за понатамошни односи меѓу САД и Русија. Тие се одржаа во Истанбул и се сметаа за втор круг разговори по оној во Ријад.
Во Ријад се разговараше за Украина, додека на состанокот во Истанбул се разговараше за иднината на билатералните односи меѓу САД и Русија.