Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека шефот на Кремљ лично ја донел одлуката да му даде азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство.
Ова го изјавил Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите.
„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука (рускиот претседател Владимир Путин)“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков за новинарите во Москва.
Се вели дека портпаролот на Кремљ не кажал кога последен пат се сретнале Путин и Асад.
Песков рече дека не планираат да се сретнат во блиска иднина и нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти со „оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.