Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предложениот буџет со кој идната година ќе се зголемат воените трошоци на рекордно ниво.
За одбранбениот сектор во 2025 година ќе бидат издвоени 13,5 трилиони рубљи (повеќе од 145 милијарди долари), или околу 32,5 отсто од буџетот, објавено е на веб-страницата на владата.
Тоа е значително зголемување од овогодинешните 28,3 отсто од воениот буџет.
Пратениците на двата дома на рускиот парламент веќе го одобрија предлогот во изминатите 10 дена.
Војната на Русија против Украина, која започна во февруари 2022 година, е најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна и ги исцрпи ресурсите на двете страни.
Киев добива милијарди долари помош од своите западни сојузници, но руските сили се поголеми и подобро опремени, а во последните месеци руската војска постепено ги турка назад Украина во источните области.