Путин ја потпиша ратификацијата на договорот за стратешко партнерство со Иран

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот за ратификација на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран.

Како што се наведува во документот, двете земји ќе се залагаат за продлабочување и проширување на односите во сите области од заемен интерес, за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната, тесно координирање на активностите на регионално и глобално ниво, „што одговара на долгорочно, сеопфатно и стратешко партнерство“.

Договорот беше потпишан на 17 јануари, за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Москва.

Минатата недела иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи беше во официјална посета на Москва, каде што се сретна со Путин.

Според Арагчи, тој разговарал со рускиот лидер индиректни преговори меѓу Иран и САД и голем број други прашања.

По разговорот со Путин, тој разговараше и со неговиот руски колега Сергеј Лавров.