На 06.02.2025 година во Управата за внатрешни работи Куманово било пријавено дека додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село во близина на Кратовс, А.Р.(35) од Бангладеш бил заробен во камион за бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Од страна на лекар е констатирана смрт, а за настанот се известени јавниот обвинител и трудовиот инспектор.
Екипа од Управата за внатрешни работи Куманово извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.