Рапидно исчезнуваат водните живеалишта: Зошто се толку важни?

Се проценува дека водните живеалиште се уништуваат тројно повеќе отколку шумите. Тие иако зафаќаат површина од 6% се дом или мрестилиште на околу 40% од сите животински видови и растенија на планетата.

Во последните 50 години биле уништени 35% од водните живеалишта во светот што ги прави најзагрозените еко-системи на планетата. Последиците од уништувањето се далекусежни, од неповратно губење на ендемски видови до огромни економски загуби, како и влошување на последиците од климатските промени.

За нивна заштита на 2 февруари во Рамсар, Иран 1971 година беше потпишана конвенција за водните живеалишта, па така овој ден се одбележува глобално на ниво на Обединети нации (ОН).

„Оживување и обновување на деградираните водни живеалишта“ е темата за 2023 година која ја истакнува важноста на обновувањето на мочуриштата, реките, езерата и приморските еко-системи кои обезбедуваат добра и услуги за многу луѓе“, соопштија од ОН.

Се проценува дека водните живеалиште се уништуваат тројно повеќе отколку шумите. Тие иако зафаќаат површина од 6% се дом или мрестилиште на околу 40% од сите животински видови и растенија на планетата.

Тоа ги загрозува и туризмот, економијата, одгледувањето храна и се намалуваат капацитетите за складирање на загадувањето со јаглероден диоксид во атмосферата, покрај уништувањето на животинскиот свет.

Преспанскиот слив меѓу најзагрозените

Во регионот од особено значење е сочувување на преспанскиот слив и природното езеро како Рамсарско подрачје старо речиси 3 милиони години кое е сместено на двете страни од границата меѓу Северна Македонија и Грција.

Овој предел се соочува со долготрајни суши, намалени врнежи на дожд и прекумерна човечка експлоатација што доведе до повлекување на водата во езерото и загрозување на неговата одржливост.

На зачувување на пределот работат Македонското еколошко друштво – МЕД и Друштвото за заштита на Преспа (СПП) во Грција, но неопходна е и соработка со локалните жители, институциите и меѓународните организации.

„Од поодамна влажните живеалишта во преспанското сливно подрачје важат за прибежиште за биолошката разновидност, играјќи и клучна улога за добросостојбата на локалните заедници што низ вековите се развиваат покрај нив. Долготрајните суши, намалените врнежи, со последователното влијание врз водните ресурси, како и видното намалување на водостојот, особено кај Големото Преспанско Езеро, се само дел во низата последици од климатската криза која во преспанскиот слив зема сè поголем замав“, велат од МЕД.

Досега се преземени неколку мерки за заштита како формирање прекугранична карта на влажни живеалишта според директивата на ЕУ, обнова на шуми и влажни ливади, рехабилитација на мрестилиштата на ендемските риби и обука и едукација на економските оператори и жителите за одржливо користење на ресурсите.

TRT Balkan