Телевизиската ѕвезда Џесика Алвес се прошета во тесен фустан во кој едвај ги собра своите бујни гради и огромниот задник.
Џесика Алвес е ТВ модел и ѕвезда која со секое појавување предизвикува бурни реакции. Сега е фотографирана во малку поелегантна верзија.
Бујна биста
Џесика е фотографирана во една лондонска населба додека ги разгледувала бутиците. И овој пат нејзините облини беа во преден план, иако беше пооблечена од вообичаено.
Таа беше облечена во тесен кафен фустан, а копчињата едвај се сочуваа да не ѝ пукнат од бујната биста и задникот . Над фустанот имаше луксузно бунда, кое не можеше ниту да го закопча. Стајлингот го комплетираше со чанта од Луј Витон, која гордо ја покажа. Нејзината долга руса коса беше совршено испеглана, а додатоците ги надополни со големи очила.
Џесика е контроверзна личност. Родена во Бразил како Родриго Алвеш, била позната како првиот човечки Кен, а потоа по повеќе од 200 операции решила да стане жена. Многумина ја нарекуваат „човечка Барбика“ , затоа што не штедела трошоци во козметичките корекции.
Таа до денес потрошила неверојатни милиони долари на пластични операции, се со цел да биде задоволна со себе. Не се грижи за коментарите од околината, кои ги покажува со својот животен стил.