Премиерот на Косово Албин Курти, во претставувањето на договорот, рече дека помеѓу Косово и БиХ ќе се создадат нови врски.
Со двотретинско мнозинство, Собранието на Косово денеска ратификуваше три договори постигнати меѓу земјите од Западен Балкан во Берлин, меѓу кои е и Договорот за движење со лични карти, со кој ќе се овозможи укинување на визниот режим со Босна и Херцеговина.
Премиерот Албин Курти во претставувањето на договорот рече дека помеѓу Косово и БиХ ќе се создадат нови врски.
„Верувам дека слободата на движење на граѓаните е она кон што се стремат граѓаните на Косово долго време, но и на другите соседни земји, вклучително и Босна и Херцеговина, со која имаме тешки односи поради ветото на Република Српска “, рече Курти.
Тој потсети дека и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, кој е од српската заедница, го потпиша договорот во Берлин на 3 ноември минатата година, што „нѐ прави оптимисти дека ќе биде можно да се ратификува овој договор и во Босна и Херцеговина исто така“.
„На овој начин Приштина и Сараево создаваат нов институционален и посебно граѓански мост, кој е долгоочекуван“, рече Кути.
Пратениците го ратификуваа и Договорот за признавање на факултетските дипломи и Договорот за признавање на стручни квалификации на лекарите, стоматолозите и архитектите.
Шефовите на шесте балкански земји тие три договори ги потпишаа на 3 ноември минатата година на самитот на земјите од Западен Балкан во Берлин.
TRT Balkan