Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ изгубил свест и колабирал на теренот, а шпанските медиуми јавуваат дека имал срцев удар.
Седум минути траеше реанимацијата на теренот, по што Драгиша повторно се освести, а неговиот гест го воодушеви целиот свет.
Имено, кога лекарите го ставиле на носилки, тој инсистирал да го продолжи натпреварот, убедувајќи ги лекарите дека се чувствува добро и може повторно да игра.
Сепак, беше донесена одлука натпреварот да се прекине и да се игра друг ден.
Да потсетиме, дваесет и петгодишниот српски фудбалер, брат на репрезентативецот Немања Гудељ, падна на земја, а по укажаната прва помош Драгиша беше ставен на носилки, а потоа однесен во локал болница.