Комбинацијата од мед и сусам содржи дури 182 елементи корисни за нашето здравје.
Ова е рецепт стар повеќе од 6.000 години. Се споменува дури и во Хомеровата Илијада, познат е и како грчки појадок, а всушност доаѓа од Грција, Египет и Блискиот Исток.
Денес е познат како пастели, а се прави од само две состојки – сусам и мед.
Колаче колку е вкусно и неверојатно здраво. Комбинацијата од здрав мед и здрави семиња има безброј придобивки – ја чистат крвта, го зајакнуваат имунитетот и се одлични антиоксиданти.
Всушност, комбинацијата на мед и сусам содржи дури 182 елементи корисни за нашето здравје, а имаат особено висока концентрација на антиоксиданси кои го спречуваат развојот на рак и други сериозни болести.
Не е чудно бидејќи пастелите се консумираат со векови, но чудно е што во денешно време рецептот некаде е изгубен . Дури и покрај тоа што е исклучително лесен за подготовка.
Ви треба само:
300 грама мед, 300 грама паста од сусам (таан).
Пастата можете да ја направите сами со мешање на лесно испржениот сусам (исчистен) со малку сусамово масло (на шолја семки ставете две лажички масло).
Блендирајте додека не добиете фина маса.
Подготовка:
Двете состојки убаво измешајте ги, направете топчиња, виткајте ги во сусам, оставете ги во фрижидер малку да се стегнат и набрзо уживајте.
Една топка дневно ќе ви ја даде потребната енергија , ќе ја ублажи напнатоста, ќе ја подобри вашата крвна слика, ќе ве нахрани и лекува.
Толку едноставни, докажани, толку стари – тие навистина заслужуваат да станат од пепелта.